Почетна / МК Сцена / Лесендриќ и Пилоти во ревијалниот дел на Макфест

Лесендриќ и Пилоти во ревијалниот дел на Макфест

 

Една од иконите на српскиот рок & рол звук од 80-те и 90-те, Кики Лесендриќ и групата Пилоти ќе настапат во ревијалниот дел на финалната вечер на овогодишното издание на фестивалот Макфест кој ќе се одржи овој викенд. Евергрините „Заборављени“ „Као птица на мом длану“ „Свет је леп када сањамо“ „Баракуда“ „Лето“ итн, во недела ќе одекнат во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип и ќе ја потсетат макфестовската публика на старите добри времиња кога се уживаше во специфичната боја на гласот на Кики Лесендриќ.

 

 

– Ревијалниот дел на Макфест отсекогаш привлекувал големо внимание кај публиката па затоа и оваа година ќе и овозможиме да ужива во шоуто на голема ѕвезда од овие простори. Познавајќи ја историјата и квалитетот на Макфест како една од најголемите музички манифестации во Македонија, легендарниот Кики Лесендриќ и групата Пилоти со задоволство прифатија да настапат во ревијалниот дел во недела, пред прогласувањето на победниците на 27-то издание на фестивалот – изјавуваат организаторите.

Честа да го отвори овогодишниот Макфест му припадна на Антонио Тасевски кој ќе настапи во петок со композицијата „Дим“, а натпреварувачкиот дел ќе биде затворен во сабота со темата „Главна улога“ во изведба на Емил Арсов.

Фествалот кој оваа година се одржува под мотото „Почувствувај го ритамот“ ќе започне во 21 часот, а директен пренос ќе врши националната Македонска Телевизија.

 

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!