Почетна / Серии / Летна Sci Fi забава во јули на FilmBox

Летна Sci Fi забава во јули на FilmBox

Научно- фантастичниот роман на Х.Г. Велс, „Војна на световите“ првпат беше објавен како серијал во списанието „Пирсон“ во Велика Британија и во списанието „Космополитен“ во САД во 1897 година. Во романот се опишани детали за катастрофален конфликт помеѓу луѓето и „Марсовците“. Овој роман се смета за класика на жанрот научна фантастика и инспирираше бројни адаптации и имитации.

Голем број на филмски продуценти се обидоа да ја интерпретираат приказната на  филмско платно. Во 1953 година, Бајрон Хаскин ја режираше со Оскар наградената адаптација на романот ангажирајќи ги Џин Бери и Ен Робинсон за главните улоги. Адаптацијата на Хаски влијаеше на многу идни филмови од научна фантастика, вклучувајќи го и „ Војна на световите “ на Стивен Спилбергод2005 година, во кој играа Том Круз и Дакота Фенинг, а нарацијата му беше доверена на Морган Фримен.

Незаборавна сцена е онаа која го прикажува Реј како истрчува од куќата за да го пронајде Роби додека десетици луѓе се наоѓаат веднаш пред неговата куќа и ја фотографираат молњата. За да ја снимат сцената, продуцентите ангажирале многу луѓе да дојдат на улицата за време на снимањето, а потоа им овозможиле да се сликаат со Том Круз.

На пауза од снимањето, Том Круз заедно со Стивен Спилберг и десетина членови од екипата го посетилересторанот Dairy Queenво Лексингтон, Вирџинија. Круз на касатавидел тегла за донации со фотографија од Ешли Флинт и ја дознал нејзината приказна. Флинт имала несреќа неколку месеци претходно и завршила во количка соогромна сметка за болнички трошоци. Круз оставил 5000 долари во теглата.

Има многу малку панорамски кадри во овој филм. Скоро сите кадри, особено за време на напaдите се снимани како да ги гледаме низ очите на протагонистите . На овој начин на снимање влијаеше аматерската снимка од терористичките напади на 11 Септеври 2001 година врз градот Њујорк.

Според интервјуто со Миранда Ото, таа првично ја одбила понудената улога од Стивен Спилберг бидејќи била бремена. Сепак, Спилберг сакал таа да ја игра улогата и го сменилцелосно сценариото за да ја вметне нејзината бременост во улогата.

Овој филм има добиено 16 награди и 49 номинации за Оскар.

Не заборавајте да го гледате на 31.07 во 21:00 на FilmBox Stars!

„Меѓу световите“ е уште еден луд филм на Николас Кејџ за кој во 2018 година добива „Награда за најчуден филм“. Приказната го следи Џо (Кејџ), несреќен возач на камион, прогонуван од сеќавањето на починатите сопруга и дете. Тој ја запознава Џули (Потенте) спиритуалистка која го тера Џо во очајничка потрага поизгубената душа на нејзината ќерка Били (Мичел) која е во кома. Но, духот на мртвата сопруга на Џо, Мери, се прикажува посилен, и го запоседнува телото на Били,фокусирана да ја заврши својата недовршенаработа со живите.

„Меѓу световите“ доби поделени реакции од публиката и критичарите. Ли Монсон напиша: „ Кејџ толкува навистина фасцинантен лик кој поставува од почеток една основа за потоа кога ќе дојдат лудите моменти на приказната да ги прифатите без да ја изгубат нивната шокантна вредност.

Хедер Виксон пак го нарече филмот: „убаво бизарно искуство на кое навистина му се восхитував и возбудена сум кога ќе видам како се движи кариерата на Пулера“ . Таа исто така ја пофали актерската екипа, пишувајќи дека „Кејџ, Потенте и Мичел претставуваат трио со впечатлива глума  која навистина го акцентира целиотфилм на специфичен начин.

Рон Вилкинсон го оцени филмот со 7 од 10, пишувајќи: „Меѓу световите“ директно ја раскажува приказната и користи оригинална глума и заплет, наместо да става кофи со крв, звучни ефекти на кршење, борби со тупаници и трки со автомобили за да го исполни времето“   и додава„ова е филм што предупредува дека работите се случуваат со причина и не можете да го контролирате поредокот на универзумот без разорни последици “.

На 23.07 во 21:00 гледајте го „Меѓу световите“ на FIlmBox Premium

Ниту еден метеорит не ја погоди Земјата, ниту еден терорист не го доведе светот во опасност, не започна атомска војна, но нешто сепак тргна наопаку. Контактот помеѓу повеќето градови на Земјата е прекинат. Една мала област налик прстен во Источна Европа сè уште има електрична енергија, а можеби дури и се забележува живот но она што воените сили го откриваат надвор од прстенот е шокантно. Насекаде има мртви трупови: во продавници, во автомобили, на патишта, во болници и железнички станици. Кој или што го уништува целиот живот на Земјата? Колку долго ќе преживее последното упориште  на човештвото?

Во блиска иднина се случува големиот Blackout и повеќето луѓе на планетата умираат. Само Москва и неколку места во близина не се засегнати. Војската е испратена да истражи но работите стануваат уште полоши; особено кога се појавуваат вонземјани. Постојат многу неочекувани пресврти во овој филм и некои од нив се навистина збунувачки и бараат големо внимание на одредени дијалози. Крајот е оптимистичен, но покомплициран од што можете да очекувате и всушност нема холивудски крај. Има многу од естетиката на Блејд Ранер во приказот на Москва од иднината, но потоа се претвора во воен филм со многу посебна елеганција. Филмот не е за секого. Многу е насилен, но дефиницијата за добро и зло е нејасна. Накратко: забавен да, но далеку од лесен; всушност доста сериозен и може да предизвика вознемиреност кај некои религиозни  верници.

Интересно  е дека еден од основачите на групата Линкин Парк, Мајк Шинода, напиша песна специјално за филмот.

Сабота, 17.07 резервирајте го си место пред вашиот телевизор за да уживате во филмот„The Blackout” во  21:00 наFilmBox Premium.

 

За повеќе новости за FilmBox следете ја Facebook страницата Filmbox Macedonia. FilmBox каналите ви ги овозможува  SPI International, а се достапни на A1 операторот како и на Neotel, Inel Internacional, Viva Net, TRD Kabel, Kanal 16 Ресен, Altra Sat 2000 Охрид, Infel KTV Охрид, Kable Kall Кичево, KDS Kablenet Прилеп и Vinsat Kabel.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!