Лејди Гага доживеа незгода на сцената кога за малку ќе се онесвестеше!
Додека ја изведуваше песната „Judas“, еден од танчерите случајно ја удри со шипката по глава. На видео снимката може да се види ударот, но и тоа како Гага, и покрај се продолжи со својот настап. По овој удар контроверзната пејачка изведе 16 песни, а потоа имаше средба и со фановите во бекстејџот.
Публиката доби и објаснување веднаш по незгодата: „Сакам да ви се извинам, ја удрив главата и мислам дека имам потрес на мозокот, но не грижете се, ќе го завршам настапот“, изјави таа.
Chris | ТВ Пакет