Додека нејзиниот помпезно најавуван албум „Artpop“ бележи катастрофално лоша продажба, контроверзната Лејди Гага, изгледа очајнички се обидува да им биде интересна на фановите. Овој пат на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија на која изгледа како кукла, посочувајќи дека сега повторно се чувствува како старата добра Лејди Гага.
„Многу работи се сменија во мојот живот, но сега конечно се чувствувам како старата јас. Никој не може да ме запре, повторно можам да бидам јас. Чувството е прекрасно.“, напиша Гага.
Покрај фотографиите, објави и два видео клипа. На едниот седи покрај клавир, свири и пее со жабата од Мапет шоу, а на другиот е облечена како кукла, свири на синтисајзер и пее.
| ТВ Пакет