Либеро Бенд подготвуваат голем музички проект. Проектот ќе содржи 10 песни и за секоја од нив ќе биде снимено видео.
„Песните се веќе снимени, снимавме напорно цели три дена. Останува уште да се снимат видеата и започнуваме со голема промоција“, вели Иван Јованов од Либеро Бенд.
Песните се преработка на македонска музика и нешто од странство со цел да се изразат максимално можностите на бендот. Песните се снимени во студиото на Валентино Скендеровски, а за видеата допрва ќе се одлучува под чија режисерска палка ќе бидат снимени. Бендот во моментов активно преговара со квалитетни компании кои ќе го спонзорираат снимањето на видеата.
Со оглед на обемниот материјал и квалитет кој момците го вложија во проектот, несомнено е дека ова претставува одлична можност за компаниите да се рекламираат. Додека го чекаме новиот проект, да се потсетиме на нивниот последен видео запис за песната „Ти признавам“.
Автор | ТВ Пакет