Познатата водителка Лила Филиповска од Сител телевизија има своја двојничка. Така барем велат нивните заеднички пријатели, пишува Телеграф.
Тоа е девојката Тина од Струга. Таа речиси секојдневно добива пораки преку својот Фејсбук профил дека многу личи на Лила. Од порталот ја исконтактирале и водителката, која не била многу изненадена кога и кажале за што се работи, туку само им го кажала следново.
„Ја познавам девојката, пријателка ми е на Фејсбук. Неколку пријатели до сега ми кажале дека личам на некое девојче од Струга. Ги разгледав фотографиите на нејзиниот профил и да бидам искрена, да, постои некоја сличност помеѓу нас две“, вели Филиповска.
| ТВ Пакет