40/42
ЛИТВАНИЈА
Изведувач: Donny Montell
Песна: ‘Love is blind’
2 Полуфинале (24/05/2012)
Литванија како нација на Евровизија никогаш не ме привлекла нешто особено со нејзините песни. Единствена добра песна во последните години што се сеќавам е Love од Sasha Son во 2009-та година. Годинава праќаат исклучително чудна песна, започнува како балада, песната се забрзува и се претвора во dance хит. Според мене, ова е слаба песна, не е многу лоша, но е доволно слаба за да не ја посакувам во финале. Имаа преголема среќа што на ждрепката тие имаа привилегија да си извлечат бројче за настап, и одбраа да пеат последни. Се надевам нема да им донесе среќа таа привилегија, бидејќи во тоа полуфинале, има многу други добри песни кои заслужуваат влез во финале! А за одгодина, им посакувам да не изненадат со нешто навистина квалитетно.
DarkShadow | ТВ Пакет