Ексклузивецот на План Б продукција и наш годинешен претставник на „Евровизија“, Влатко Лозаноски – Лозано деновиве го заврши снимањето на видео записот за баладата Ако не сум тој, која се наоѓа на неговиот втор албум „Преку седум мориња“, а е авторско дело на хитмејкерот Лазар Цветкоски. Мавровското езеро и стан во Скопје се двете локации на кои се работеше спотот чии што први кадри беа снимени во текот на летото.
„Ако не сум тој е една од моите омилени песни од вториот албум и задоволство ми е што баладата ќе добие и своја видео приказна. Сигурен сум дека тимот на Егзит Б Продукција ги долови емоциите кои преовладуваат во песната и мислам дека крајниот производ ќе и се допадне на публиката“, изјавува Лозано.
Видео записот ќе биде промовиран за неколку дена, а покрај снимањето на спотот Лозано деновиве активно се подготвува за претставување на песната пред македонската јавност која тој и Есма ќе ја испеат на „Евровизија 2013“ во Малме, Шведска.
{gallery}022013/vlatko{/gallery}
Крис Манев | ТВ Пакет