Почетна / Забава / Лозано со онлајн промоција за „Мандарина“

Лозано со онлајн промоција за „Мандарина“

 

Влатко Лозаноски со онлајн промоција ја лансираше својата нова песна Мандарина. Видео записот е достапен на неговиот Youtube канал.

 

 

„Мандарина е песна што разиграноста на љубовниот занес го има вткаено во ритамот, во текстот и токму затоа очекувам да биде вистински летен хит. Со нетрпение ги очекувам реакциите на фановите, затоа што многу време, емоции и труд вложивме во нејзиното создавање, како и во видео записот кој се снимаше во Охрид и Струга“, изјави Влатко Лозаноски.

 

 

Видео записот за „Мандарина“ е потпишана од Горила продукција. Како режисер на спотот е Огнен Шапкароски. Како локации за оваа љубовна приказна беа избрани локациите Вила Модерна во Охрид и плажата Версус во Струга. Музиката и аранжманот за песната е на Лазар Цветкоски, текстот е дело на Магдалена Цветкоска и Милан Миланов Коса.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради трагедијата, одложени трите концерти на Здравко Чолиќ

Трите концерти на Здравко Чолиќ во Скопје кои требаше да се одржат на 18, 19 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!