Почетна / Сапуници / Локалните телевизии ќе ја репризираат серијата „Првата дама“

Локалните телевизии ќе ја репризираат серијата „Првата дама“

 

Гледачите очекуваат нови содржини, им се нудат репризи

 

Во текот на овој месец на сите локални телевизии ширум земјава ќе започне со емитување колумбиската теленовела “Првата дама” (Primera dama). Серијата се емитуваше лани на националната Алфа телевизија, а правата за нејзино повторно емитување во Македонија ги откупија овој пат скопската Скај Нет и другите локални телевизии во сите градови. Снимена во 2011 година во продукција на телевизиската куќа Каракол, серијата брои точно 95 продолженија низ кои ќе дознаете колку далеку сме спремни да одиме за остварување на нашите соништа. Во главните улоги се јавуваат Карина Крус, Кристијан Мејер, Кети Сенс, Џакелин Аренал и Кејлеб Касас. Во продолжение ве потсетуваме на содржината на серијата:

 

Ова е приказна за Палома, млада, сиромашна и обична девојка, која има амбиција, без оглед на последиците, да го заведе претседателот и да стане прва дама на Република Чиле. Го остава своето момче Каетано, доаѓа сама во големиот град и го запознава Маријано, директорот на театарот кој треба да и помогне да стигне до целта. А нејзина мета е претседателот Леонардо Сантандер, кој и допушта да влезе во неговиот живот и да ја освои довербата на неговата прва сопруга. Повеќе ништо не може да ја запре Палома… За да ја оствари својата цел, мора да се реши од неговата сопруга и да ги сврти децата против неа.

Итро чекори по својот пат до врвот преку пет различни мажи се со цел да го оствари она што го сака. Не бира средства, а моќта и интригите за неа се само почеток. Во таа борба за моќ и власт, првата дама ќе стекне и нови непријатели, не претпоставувајќи дека големата амбиција и интригите еден ден ќе ја доведат до дното.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!