Бразилскиот актер Мурило Бенисио (42), којшто сите го познаваат како Лукас од „Клон“, е во љубовна врска со актерката што го толкуваше ликот на неговата ќерка, Мел, во „Клон“.
Колку и да изгледа необично за фановите на мегапопуларната серија, Мурило Бенисио и Дебора Фалабела уживаат во својата љубов и постојано се мета на папараците во Рио де Жанеиро. Двајцата славни актери моментално заедно глумат во новата популарна бразилска серија „Avenida Brasil“.
Бенисио зад себе има над 20 филмски и телевизиски улоги за кои освои многу престижни награди. Два пати се ожени и се разведе, а сега е во врска со својата колешка.
| ТВ Пакет