Вечниот дом на Тоше Проески што досега го посетија околу 150.000 гости доби луксузна монографија која може да се купи само во музејот. Промоцијата ќе се случи оваа сабота во Крушево.
Монографијата, по воведот, ја опишува во кратки црти историјата на Македонија, а веднаш потоа прави приказ и на сите најзначајни карактеристики на Крушево. Потоа е поместена биографијата на славниот Тоше, а на следните страници се претставени архитектонските карактеристики на Спомен-куќата, како и деловите од музејската поставка. Значаен сегмент на ова издание е и делот посветен на фановите на Тоше, а монографијата се заокружува со наградата за најдобро архитектонско дело на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона. Во монографијата доминираат прекрасни фотографии, од кои како ретко видени се издвојуваат ноќните прикази на Спомен-домот. Интелигентен обид е и потемниот тон на најголем дел од прикажаните фотографии, со што се дава доза на почит, носталгија и жал, објавува весникот “Вечер”.
Chris | ТВ Пакет