Возбуда кај жителите, букирани викенд куќи, хотелите со уште по некој слободен кревет, техниката и бината во изработка, раководителите на спортските активности подготвени… Ова е сликата на Маврово деновиве во пресрет на Еко Грин Фестивал 2013. Еко грин фестивал е на самиот старт. Жителите живеат во духот на целиот настан, секој на свој начин придонесува за првиот „Фемили Фест’’.
Фестивалот ќе трае цели три дена, додека пак четвртиот, последниот ден на фестивалот е предвиден како ден за чистење на локацијата и околината од отпадоци и смет. За посетителите на фестивалот, организаторот Еко Маврово, обезбеди бесплатен камп во самата близина на фестивалското случување. Истиот е подготвен и ги чека камперите. Покрај кампот, битно да се истакне е и поволното хотелско сместување кое што во некои хотели изнесува 600 денари. Организаторите на настанот, здружението на граѓани Еко Маврово ги формираше и цените за храна и пијалоци и истите се супер поволни.
Ова е официјалниот музички распоред на Еко Грин Фестивал Маврово:
Петок:
Летечки пекинезери 19:00-21:30
Леб и сол 22:00-00:00
GOCE SAF&LD PISTOLERO 00:15-02:30
DJ BRANCHEZ 02:30
Сабота:
CONQUERING LEON 19:00-21:00
YOUNGSOUND 21:00-22:00
LEPHONQE- ICEBERG 22:00-23:00
FLOODER 23:00-00:00
DJ SABB 00:00-01:30
VALENTINO KANZYANI 01:30-03:30
NIKIFOR 03:30-04:30
MACKI I TOMI BOJADZI 04:30
Недела:
PLAN G 18:00-19:30
FIVE FINGERS 19:30-21:00
ДАНИ ДИМИТРОВСКА 21:00-23:00
DJ ZOMAX 23:00-00:00
SOUNDKILLAH 00:00-01:30
KOX 01.30-03:30
JOHAN 03:30
Во текот на попладневните часови формирана е и детска програма со детски дј на која ќе се преслушуваат сите македонски детски хитови. Исто така за атмосферата кај дечињата ќе се погрижи и аниматор кој за време на детската програма ќе ги забавува најмладите посетители на Еко Грин Фестивал.
Фестивалот е со бесплатен карактер, со исклучок на саботната вечер за која што цената на билетите изнесува 300 денари и истите може да се купат преку продажната мрежа на мк тикетс како и во салоните на ОНЕ ширум републиката.
| ТВ Пакет