Пејачката доживеа блам кога случајно се сопна во текот на изведувањето на една песна. Дека големите сцени и долгите фустани знаат да бидат проблематични, се покажа и преку примерот на Мадона. Пејачката пред неколку дена на настапот во Далас во состав на светската турнеа MDNA, во текот на изведувањето на песната Like A Prayer, додека Мадона пееше со публиката во еден момент се сопна и падна. Но, долгогодишното искуство и помогна, па така падот изгледаше поспонтан отколку што требаше, таа се сврте на грб, како се да беше дел од сценариото и продолжи да пее.
Ивана Таневска | ТВ Пакет