Почетна / МК Сцена / Македонец во трка за најдобар дизајнер

Македонец во трка за најдобар дизајнер

 

Само неколку недели откако целиот свет дозна за младиот талентиран охриѓанец, веќе има гостувано во повеќе од 100 емисии на ТВ и радио низ Америка. Неговиот талент беше откриен на натпреварот за кампањата против глад која се организираше на светско ниво, а неговиот дизајн се најде на илјадници производи во маркетите низ Америка.

 

 

Овој пат се работи за избор на најдобар дизајн за потребите на поп дивата Miley Cyrus. Најдобриот дизајн кој ќе победи на изборот, ќе биде испечатен на неколку милиони дуксери што ќе бидат дистрибуирани по бутиците низ целиот свет со кои поп дивата има склучено договор за ексклузивна продажба.

„Македонија е мала држава, но со големо срце. Затоа не се сомневам дека моите Македонци ќе го дадат својот глас за да ми помогнат да победам на овој избор. Гласањето е преку интернет, се што треба е да имате Фејсбук или Твитер профил, да го отворите линкот и да кликнете на копчето VOTE од десната страна. На линкот го имате мојот дизајн, се надевам дека ќе ви се допадне. Ако победам, ветувам дека лично ќе дадам напори да се дистрибуира и во Македонија“, вели младиот дизајнер Огнен Трпески.

 

 

Во моментов, Огнен Трпески се наоѓа на првото место во силна конкуренција, но ако сакаме нашето Македонче уште еднаш да го обиколи светот тогаш несебично треба да му го дадеме нашиот глас! Гласањето се одвива до среда (7-ми ноември) до 23:59 часот.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!