Македонија денеска се сеќава на трагичната авионска несреќа во која загина поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Во трагичната несреќа животот го загубија и Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски, Анита Кришан Лозановска, Миле Крстевски, Борис Велинов, Аце Божиновски, Марко Марковски и Бранко Ивановски.
Несреќата се случи во близина на градот Мостар во Босна и Херцеговина. Борис Трајковски е роден во Струмица на 25. јуни, 1956-та година. По повод трагичната смрт денеска во неговата родна Струмица ќе биде прикажан 60-минутниот документарен филм „Верувам во Македонија“ на режисерот Горан Тренчовски.
Крис Манев | ТВ Пакет