Почетна / Забава / Евровизија / Македонија повеќе нема да учествува на „Евровизија“?

Македонија повеќе нема да учествува на „Евровизија“?

 

Македонската телевизија ги изненади фановите на Евровизија со најновата анкета која е објавена на интернет порталот на телевизијата.

 

 

МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА НАСТАПУВА НА ЕВРОВИЗИЈА 2015

Денеска МРТ спроведе анкета во која се бара мислењето на гледачите за учеството на нашата земја на Евровизија 2015. Понудени се 3 одговори и тоа: претставникот да биде победникот на Скопскиот фестивал, претставникот да се избере интерно и последната опција – Македонија воопшто да не учествува на Евровизија.

Се прашуваме зошто ваква анкета е воопшто поставена и која е целта?!?

Досега претставниците се бирале или од Скопскиот фестивал или интерно, тука нема ништо ново.

Дали со ова МРТ го најавува своето повлекување од овој фестивал поради лошите пласмани на нашите претставници. Место тоа да го направи со понудени нови решенија на оваа интернет анекта е очигледно само едно важно, дека Македонија не треба да учествува на Евровизија. За редицата скандали на овој избор виновна е само МРТ, и никој друг досега ги имаше безброј. Во последните години тоа не беше случај освен со минатогодишната Империја, и се би било во ред доколку МРТ и композитиорите не сфатат дека таму е важна песната.

Треба да се има песна, ако можеше Србија да победи, Хрватска и Босна редовно да имаат високи пласмани, тогаш може и Македонија. Ама песната треба да биде таа која ќе биде важна, а не начинот на избор или дали да не се учествува воопшто. Нормално по сите скандали многумина ќе гласаат да не се учествува. Дали тоа значи дека и нашата фудбалска репрезентација не треба да учествува не квалификациите за Европско и Светско првенство во фудбал.

Таму никогаш не сме ни стигнале, а на Евровизија барем сме биле учесници во големото финале. Оваа година повторно одлична естрадна ѕвезда, со лоша песна, лош стајлинг и лоша кореографија. Да не беше харизмата на Тијана, никој немаше ни да слушне за зборот Македонија. А, ако пак видите како гласало жирито, ќе видите дека Тијана ќе била меѓу првите десет и ќе беше во финале. Но, според телевотингот таа била претпоследна што значи дека песната не и се допаднала на публиката.

Заклучок, во анкетата треба да стои: каква песна треба да пратиме, дали тоа треба да биде од домашен, странски или комбинација на композитори, кој би сакале да не претставува? А не прашања кои веќе се зборувани со години.

И ако МРТ сака да не учествува нејзино право, нема што да бара оправдување кај публиката. Друго прашање е дали тоа треба да го направи, кога и самите сме свесни дека досега ниту една песна нема да биде евергин и да се слуша и после 20-30 години отсега. Квалитетот на песните едноставно не беше добар, а треба да биде одличен, и место да се работи на тоа како да се добие подобра песна, МРТ поставува прашања на анкета кои се буквално имбецилни.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!