Македонската репрезентација оствари втора победа на Светското ракометно првенство во Шпанија. Во вториот натпревар од групата Б на Мундијалот, нашата селекција славеше убедлива победа во дуелот против Катар со 30:34 (полувреме 9:20). Утре е слободен ден за репрезентативците во групата Б, а веќе во вторник нашите ги очекува нов натпревар против селекцијата на Исланд којшто ќе се одигра во 18:00 часот.
Крис Манев | ТВ Пакет