Почетна / Телевизија / Македонска и српска програма за Нова година на Алфа телевизија

Македонска и српска програма за Нова година на Алфа телевизија

 

Меана, Зајди зајди, Вкусот на традицијата, Бекстејџ – новогодишна на Алфа

 

Алфа телевизија за оваа година на своите верни гледачи им обезбеди забава со македонска и српска продукција. Блокот новогодишна програма ќе започне точно во 20 часот и, каде, ако не во „Меана“, новата, премиерна забавно-музичка програма која ќе ве наштелува за весела и безгрижна забава за дочек на новата година. Се работи за српска емисија, снимена од телевизија Хепи. Во финалето на новогодишната весела ноќ, на плоштадот „Зајди,зајди“ повторно ве очекува Зуица Лазова и заедно со оркестарот на маестро Милан Завков, тие ќе ве поведат кон кулминацијата на веселбата распеано и разиграно.

 

 

Заедно со Зуица се бројните пријатели по музика, песна и игра, а тие сите заедно ќе се погрижат да го прескокнеме последното скалило од старата и да стапиме среќни, расположени и весели во новата 2016 година

Еден час после стартот на новата година останете расположени со комедијата „Ивкова слава“ со која ќе стартува новогодишната филмска програма.

 

 

 Веселото расположение продолжува и на 1 јануари во дружба со песна, игра и со најдобрите рецепти и готвачки во 2015 година со Адријана Алачки. Специјалното новогодишно издание на „Вкусот на традицијата“ ќе биде вовед во попладневната новогодишна програма во која го издвојуваме првото издание на забавната емисија „Бекстејџ“, кое со стартот на новата година ја започнува својата нова сезона – овој пат на Алфа ТВ.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!