Композицијата насловена „Во мојот свет“ неодамна беше претставена пред јавноста, а истата е посветена на децата со аутизам. Оваа песна е напишана од браќата Диран и Гаро Тавитјан, текстот го напиша Фани Христова, а испеана е од Влатко Лозаноски – Лозано, Мики Јовановски – Џафер и Ребека. Песната беше претставена на 2. април, Меѓународниот ден за борба против аутизмот. Песната го носи истото име како и здружението, а во план е наскоро да се сними и видеозапис за истата.
| ТВ Пакет