“Пинкови ѕвездички” е популарно српско талент шоу, кое моментално се емитува во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, но не и во Македонија. Ова шоу е всушност исто како и “Пинк ѕвезди” кое се емитува на Алфа, со таа разлика што овде талентите се само деца.
Зошто Алфа го откупила само “Пинк ѕвезди”, а не и “Пинк ѕвездички”, не знаеме.
Но, како и да е, за македонски таленти на ова шоу ќе читаме само на интернет, а ќе ги гледаат само во тие републики каде се емитува шоуто. Струмичанецот Трајче Георгиев го воодушеви жирито на ова шоу, пеејќи песна од Бруно Марс. Погледнете и сами:
Тимот на ТВ Пакет му посакува многу среќа на малиот Трајче во понатамошните фази на шоуто.
Дани | ТВ Пакет