Од иновации и подобрување на работата никогаш не е доста. Ова го докажа компанијата Макпетрол АД Скопје која овој пат во продажниот салон на Хонда ја промовираше наградната игра од програмата за лојалност ВЕРНА, под наслов „Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш!“.
Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје, го презентираше концептот на наградната игра, проект целосно посветен на најлојалните потрошувачи.
„Како современа и пазарно ориентирана Компанија, со воведување на ВЕРНА програмата за лојалност започнавме да ја наградуваме довербата на нашите потрошувачи. Во тој правец продолжуваме понатаму – со желба дa обезбедиме дополнителни погодности и предности, Макпетрол за своите лојални потрошувачи и членови на ВЕРНА програмата за лојалност воведува наградна игра под име „Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш“- изјави Мишко Тасевски.
„Наградната игра ќе започне на 11-ти април и ќе трае до 5-ти јуни 2016 година. Играта ќе се одвива во 11 посебни кола од кои осум неделни кола, две месечни кола и едно главно коло и тоа по следниот редослед:
Првото неделно коло ќе се одвива во периодот од 11-ти април до 17 април.
Второто неделно коло ќе се одвива во периодот од 18 април до 24 април.
Третото неделно коло ќе се одвива во периодот од 25 април до 1 мај.
Четврто неделно коло ќе се одвива во периодот од 2 мај до 8 мај.
Петтото неделно коло ќе се одвива во периодот од 9 мај до 15 мај.
Шестото неделно коло ќе се одвива во периодот од 16 мај до 22 мај.
Седмото неделно коло ќе се одвива во периодот од 23 мај до 29 мај.
Осмото неделно коло ќе се одвива во периодот од 30 мај до 5-ти јуни.
По завршувањето на првите четири кола ќе се организира првото месечно коло што ќе се однесува на периодот од 11-ти април до 8-ми мај.
По завршувањето на преостанатите четири кола ќе се организира второ месечно коло што ќе се однесува на периодот од 9-ти мај до 5-ти јуни.
На крај ќе биде организирано завршно или Главно коло што ќе се однесува на периодот од почетокот до крајот на Играта, односно од 11- ти април до 5 -ти јуни 2016 година“- истакна Тасевски
„Начинот на учество во оваа наградна игра е едноставен. Сите корисници на ВЕРНА картичките се потенцијални учесници во наградна игра. Во наградната игра учествуваат сите трансакции на учесниците кои при секое поединечно плаќање ќе впишат најмалку 10 или повеќе бодови на својата ВЕРНА картичка. Наградната игра ќе се спроведува по принципот една квалификувана трансакција = една шанса за извлекување, односно секоја квалификувана трансакција носи по една шанса за извлекување, или колку квалификувани трансакции направиле квалификуваните учесници во тековното коло толку шанси имаат да бидат извлечени. При тоа, секоја добитна квалификувана трансакција се елиминира од понатамошно учество, т.е. секоја квалификувана трансакција може да биде извлечена за добивка само еднаш“ – изјави Мишко Тасевски
На учесниците во Наградната игра ќе им биде понудена широка палета на награди, а тоа се: секоја недела подарок поени на Верна картичка, Кристал кар средство за ветробранските стакла, Лубекс моторни масла и ваучери за гуми. Дополнително секој месец компанијата ќе подари по два лап топи Делл и викенди за двајца во хотелите на Макпетрол во Струга и Маврово. И на крај главната награда е прекрасниот скутер Хонда ANC 125 SH Mode – истакнаа од компанијата
Извлекувањето на наградите ќе се врши за секое поединечно коло. Списокот на добитниците на наградите ќе биде објавувен на веб страната на Макпетрол, www.makpetrol.com.mk и на официјалната веб страна на програмата за лојалност ВЕРНА, www.verna.mk.