Почетна / Забава / Маленко јавно бара да му се дозволи организација на детски маратон

Маленко јавно бара да му се дозволи организација на детски маратон

 

Македонскиот спортист Александар Маленко преку својот Твитер профил јавно побара да му се овозможи да го организира пливачкиот маратон за деца, Илинден, а притоа вети дека учеството во истиот за сите деца ќе биде комплетно бесплатно.

 

– Национална стратегија за спорт и млади 2016-2028 година претставува еден од најзначајните стратешки проекти во една држава. Без здрава младина нема сегашност и иднина, вели Александар кој побара поддршка од медиумите за остварување на овој значаен проект.

– Овој проект ќе биде реализиран за младите и со младите, потребна ни е нивната соработка и затоа бараме да се вклучат со своите идеи и способности во сите сегменти на општествениот систем. Финансиската конструкција за спроведување, односно изградба на спортскиот и младински интернат е обезбедена од изготвувачот на Националната стратегија за спорт и млади преку Европскиот фонд во висина од 8 милиони евра за наредните 4 години, вели Маленко во изјавата.

Спортистот потенцира дека проектот нема да биде партиски обоен.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!