Почетна / Телевизија / Мартин и Ивана си заминаа од „Танц со ѕвездите“

Мартин и Ивана си заминаа од „Танц со ѕвездите“

 

Актерот Мартин Јорданоски и танчарката Ивана Ристевска се втората танцова двојка која го напушта шоуто „Танц со ѕвездите 2“

 

Во втората елиминациона емисија шоуто го напуштија актерот Мартин Јорданоски и танчарката Ивана Ристевска. За прв пат во Македонија, во последната епизода на „Танц со ѕвездите 2“ видовме ретро издание на ова шоу. Продукцијата „Дрим фактори“ се погрижила од костимите, шминката, фризурата, па се до музиката да биде во ретро стил. Според реакциите на публиката и гледачите сме успеале да направиме вистинско освежување во македонскиот етер и нивните барања се да продолжиме со тематски емисии, вели Огнен Антов – продуцент на „Танц со ѕвездите“. Најголема ретро трансформација имаше кај водителот Тони Михајловски, кој сега има нова црна коса, и кај Васил Зафирчев, членот на жирито кој доби нова бујна коса и ретро стил во каков што досега не сме го виделе.

{gallery}012014/tanc-eliminacii-2{/gallery}

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!