Видео | На чекор до големото суперфинале…
Во вечерашнава емисија од талент шоуто “Пинк ѕвездички”, нашите учеснички беа единствени кои успеаа да го “купат” жирито и публиката со странски песни. Очигледно македонските девојчиња сакаат да слушаат тренди модерна музика, па со таква музика и се претставија.
Антониа Гиговска од Скопје во целосно ново светло. Трансформација која го воодушеви жирито, а пријатно ја изненади и публиката. Пеејќи ја “Домино” од Џеси Џеј, Антониа на сцената беше динамична и енергична, што ја одвои од досегашните настапи во кои беше умерена, ледена и сериозна.
Другата наша Пинкова ѕвездичка, Мартија Станојковиќ, повторно во нејзин фазон, најдобра како и секогаш. Таа ја отпеа “Don’t be so shy” од француската кантавторка Имани, и уште еднаш докажа дека и’ лежи секаков тип на песна. Она што оваа вечер привлече внимание беше нејзиниот фустан, кој бил дизајниран од самата Мартија и нејзината професорка по пеење.
– Ти си најуниверзална. Се’ видов од тебе во овој шоу програм – беше коментарот на Хари Мата Хари за нашата Кумановка, а нејзиниот професионален и интернационален настап го пофали и Јелена Томашевиќ, која истакна дека Мартија од секоја песна прави светски хит.
Не се ни сомневаме дека нашите девојчиња благодарение на вашите гласови одат во големото суперфинале на 3 јули, а до тогаш гласајте за нив на 141 – 345, така што испраќате СМС порака со текст : GLA (празно место) C и редниот број на кандидатката:
GLA C3 – за Елена Бимбиловска
GLA C13 – за Антониа Гиговска
GLA C16 – за Мартија Станојковиќ
Дани | ТВ Пакет