Раскина со дечкото и доби најпродаван албум
Лали Еспосито, позната како Мар од серијата “Ангели” постигнува голем успех со нејзината музика во целиот свет, а како актерка не заостанува. Нејзиниот албум SOY само за три часа беше најпродаван албум во Аргентина до сега, а секако албумот го достигна врвот и во Латино Америка, САД, Израел и делови од Европа.
Освен со новиот материјал, таа периодов беше актуелна во матичната земја и во Шпанија поради раскинувањето со Маријано Мартинез на што Лали одговори дека е млада и дека животот е пред неа, па нема потреба да се прави толку драма од тоа раскинување.
Лали со нејзините 24 години се смета за една од најубавите девојки во Латинска Америка. Таа со нејзината скромност, убавина, талент и култура ги освојува срцата на сите. Во Македонија фановите се уште ја паметат, зборуваат за неа и ја следат нејзината кариера. Лали Еспосито во текот на промоцијата на својот втор албум неколку пати изјави дека во план и е да ја посети и Македонија. Па фанови не се изненадувајте ако наскоро се потврди оваа вест.
За големата фан база која ја има актерката и пејачка, зборува и бројот на нејзини следачи на социјалните мрежи. На Инстаграм тој број достигнува nad 2.600.000, а на твитер и до 4 милиони.
Дани | ТВ Пакет