Од минатата недела на Алфа телевизија започна новата забавна емисија “Стар лајф” чија водителка е Маја Поцевска. Последен проект на Маја Поцевска беше ток шоу емисијата “ПМ магазин”, која се емитуваше на Алфа ланската сезона, а оваа емисија е малку поинаква. Во емисијата се емитуваат интервјуа со македонски и балкански естрадни личности каде Поцевска зборува за некои летни, скокотливи и табу теми поврзани со кариерата и приватниот живот на гостите. Емисијата се емитува секоја недела од 15:30 часот. Во овонеделната емисија, гости и беа Сандра Африка и Саша Ковачевиќ. Сандра Африка е српска пејачка, која наместо со талент, се прослави со голотија и сексипил.
– Апсолутно немам ништо против еротиката на јавна сцена, напротив, тоа го поддржувам. Сепак, мора да се напомене дека ние сме мала средина, свеста е на пониско ниво и кај нас некои работи се уште се табуа. Жалосно, ама вистинито. Во светот жените одамна не се срамат да го покажат своето тело. Исто така не се срамат и од своите постапки. Kај нас, генерално, познатите сакаат да се претстават само во розово издание и не умеат да се носат и со неубавите аспекти на животот.
Даниела П.