Малиот ага и приватно ги спои Али и Синем
Али и Синем од турската хит серија “Малиот ага”, освен тоа што се во брак во серијата, се во брак и во приватниот живот. Во серијата, постојат доста несогласувања во нивната врска и нивното детенце на сите можни начини се обидува да ги смири, но во приватноста и не изгледа така. Тие се среќни и вљубени, онака како што Мехмет Џан сака да ги види и во новелата.
Имено, Бирче Акалај и Сарм Левендоглу стапиле во брак, лани на 1 август 2014 година по неколку месечна врска која почнала уште во почетокот на снимањето на “Малиот ага”. Колегите ги гледале младите љубовници како доаѓаат на снимање и си одат заедно, па не било тешко да се претпостави дека Али и Синем се во врска. Наскоро тоа го офијализирале на социјалните мрежи, а по неколку месеци и пред законот.
На свадбата присуствувале многу нивни колеги, меѓу кои и малото детенце од серијата. Инаку ова и е втор брак на Бирче. Таа беше во врска и брак со Мурат Уналмиш, партнерот од серијата “Сестри” од кого се разведе по нецела година заеднички живот. По некое несудено правило, и во вториот брак, партнер и е колегата од серијата која ја снимале заедно.
А пак нејзиниот сегашен сопруг Серп алијас Али, важи за еден од најдобро градените турски актери. Тој не крие дека внимава на својот изглед, дека се храни здраво и слободното време го поминува во теретана, што може да се види и од неговиот изглед.
Дани | ТВ Пакет