Почетна / Живот / Мајката на Тоше знаела дека ја чека горчина

Мајката на Тоше знаела дека ја чека горчина

 

Манастирот Свето Преобрaжение над Крушево е утеха за семејството на Тоше. Најблиските секојдневно доаѓаат да го посетат, да помогнат во работите за неговото возобновување. Како што пишува Дневник, заедно со сограѓаните ќе ја исполнат желбата на Тоше. Наскоро манастирот со сета своја раскош ќе му пркоси на крушевското небо.

Поврзаноста на ова семејство со манастирот крушевчани ја раскажуваат како урбана легенда, а дел од неа за весникот открива Дора Ристеска, сестрата на Тоше.

 

 

„Kога мајка ми Доминика имала 17 години, на празникот Преображение на сон и се појавил човек во помлади години, покриен со бела наметка. Не можела да му го види лицето, туку само нозете, кои виселе во воздухот. Во еден миг слушнала хор, кој пее „Алелуја“. Песната ја прекинал глас, кој и се обратил: „Ти ќе ја видиш светлината, ќе доживееш голема радост, а потоа ќе го почувствуваш и вкусот на големата горчина. Затоа мора да ја изедеш оваа каша со листови од орев“, мајка ми се згрозила од кашата само што ја видела, почнала да јаде и во сонот доживеала преголема горчина од нејзиниот вкус“, вели Дора за Дневник.

По неколку години, кога Домника се омажила за Никола, ја посетиле црквата „Света Богородица“. Kога ја видела иконата на Свето Преображение, здивот и застанал.

– Му рекла на татко ми: „Ова е човекот покриен со бела прекривка, што го видов на сон кога бев девојка“. Kога Тоше не напушти, мајка ми се сети на сонот и во солзи ни рече: „Ете го претскажувањето. Доживеав голема радост, Тоше ни донесе светлина во домот, а отсега веќе животот ќе ми биде горчина. Ја чувствувам истата горчина како кога ја изедов кашата со листови од орев во сонот“, открива сестрата на музичката легенда за Дневник.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!