Медиумите во Латинска Америка отрија од што починала популарната мексиканска актерка Карла Алварез.
Имено, таа се засркнала јадејќи од мексиканскиот сендвич кесадиљас поради што останала без воздух и на лице место починала. Како што вчера објавивме, Алварез имаше 41 година и пред еден месец целосно се оддалечи од сцената поради тоа што и беше дијагностициран рак.
Актерката беше погребана вчера во целосна приватност далеку од очите на медиумите. За нејзината смрт изразија длабока жалост познати актери како Талија, Давид Зепеда, Арасели Арамбула, Кејт дел Кастиљо, Жакелин Бракамонтес и други со коишто таа ја делеше сцената.
| ТВ Пакет