Почетна / ФОТО / Мехмет Акиф попосакуван и од Бали-бег

Мехмет Акиф попосакуван и од Бали-бег

 

Доколку мислевте дека благодарение на турските серии досега емитувани во Македонија ги видовте сите турски заводници – сте се излажале! Шармантниот Киванч Татлитуг, темпераментниот Кенан Имирзалиоглу, згодниот Бурак Озџивит и романтичниот Халит Ергенч имаат сериозна конкуренција!

 

Мехмет Акиф Алакурт, црнокосиот убавец со длабок поглед е миленик на жените ширум светот, благодарение на серијата „Сила“ во која заедно со Џансу Дере ги толкуваат главните улоги. Актерот Боран-ага, кој оваа улога ја одигра маестрално веќе ги освои симпатиите и на Хрватска, каде „Сила“ е погледана дури и од „Величествениот“. А кој всушност е агата по кој воздивнуваат милиони припаднички на понежниот пол?

 

Мехмет Акиф Алакурт е турски модел и актер роден на 23.07.1979 година, а веќе по завршувањето на основното училиште почнува да дефилира по модните писти. Во 2001. година е прогласен за најубав маж во Турција, а еден од најдобрите пријатели му е Киванч Татлитуг, кој своевремено ја носеше истата титула.

Дали би сакале овој актер да го гледате на нашите телевизиски екрани? Мислите ли дека Боран-ага може да ги засени Бали-бег, Саваш или Езел? Уредниците на телевизиите сигурно се заинтересирани за вашиот одговор на ова прашање.

 

 

{gallery}022013/ahmet{/gallery}

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И старото, и новото – две логоа осамнаа на екранот на Алфа

Покрај новото лого кое го користи Алфа по ребрендингот во 2019 година, некогаш во исечоци …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!