Мики Секуловски ја промовираше својата трета песна. „Дај да те сменам“ е насловот на неговиот нов сингл за кој веќе на Јутјуб и на социјалните мрежи се зборува дека ќе биде вистински летен хит.
Побрз ритам, интересен текст и приказна, проверен тим кој создаде уште еден хит пред името на Мики. Музиката и овој пат ја компонираше Зоран Алексиќ, гитарите Ристе Шандаров, а ново во тимот на Секулвски е промената на текстописецот. „Дај да те сменам“ ја напиша Емилија Бунтеска и за неа ова е прва песна воопшто. Несомнено е дека Мики остава траг на македонската музичка сцена со оглед на фактот што „Дај да те сменам“ е негова трета песна оваа година.
Од продукцијата на Секуловски велат дека во подготовка е и спотот за новата песна, а најави дека Мики во меѓувреме започнал да работи и на неговата следна песна. Ова лето ќе биде во знакот на велешанецот со извонреден вокал кој веќе есента планира да го издаде и својот прв албум.
Автор | ТВ Пакет