Почетна / Телевизија / Мите и Адам со македонски песни во финалето на „Пинк ѕвезди“

Мите и Адам со македонски песни во финалето на „Пинк ѕвезди“

 

“Зајди, зајди” и “Усни на усни” во “Ѕвездите на Пинк”

 

 

Македонските учесници во музичкото шоу “Пинк ѕвезди” вечерва ја имаат последната шанса да се борат за победа во музичкото натпреварување. Благодарение на вашите гласови се пласираа во финалето на шоуто, а благодарение токму на тие гласови ќе може да стигнат до високите прво и второ место.

 

 

Гласањето тече постојано, линиите за гласање за нашите кандидати Адам Лабунски и Мите Стоилков се отворени. Низ неколку пресеци ќе бидат елиминирани 12-те финалисти се’ додека не се дојде до прогласувањето на победникот.

 

 

Во финалето на шоуто, Мите ја отпеа култната “Зајди зајди”, а Адам исто така отпеа македонска песна и тоа “Усни на усни”. И двете песни се едни од најдобрите изведби на легендарниот Тоше Проески, и затоа публиката во Белград најмногу скандираше и аплаудираше на песните на Мите и Адам. Жирито со еден збор уживаше, особено во интерпретацијата на Мите.

 

 

 Доколу сакате македонска ѕвезда да биде овогодинешна Пинкова ѕвезда, гласајте на 141 – 345, така што испраќате СМС порака со текст : Z (празно место) и редниот број на кандидатот. Гласањето е во тек, гласајте за Мите и Адам на 141 – 345 :

GLA Z16 –  за Мите Стоилков

GLA Z18 – за Адам Лабунски

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!