Младиот музичар од Штип Виктор Пецов алијас ВИКО, целиот живот го минува со музиката. Неодамна решава да направи нешто свое, по кое, како што вели, ќе го препознаваат, и се надева дека тоа ќе го постигне со ова негово прво музичко дело.
Продуцентот од кој што ја добил матрицата е познат под прекарот Мантра, а девојката со која заедно го исполнуваат ова дело се вика Бреана Марин. Вико , таа и мантра колаборирале преку интернет. Текстот хармонијата и мелодијата во песната се на Вико. За Миџ / Мастеринг и снимањето на песната бил задолзен Мики Миноски – Иноматик, а истата е реализирана во неговото студио.
„Би сакал да кажам дека ова е само мојот старт“ – вели ВИКО, кој промовирајќи ја песната на медиумите, наскоро најавува уште многу нови и оригинални теми.
Во меѓувреме, во продолжение преслушајте како звучи „Dear Diary“: