Почетна / МК Сцена / Многу ѕвезди и пиво од вечерва на прилепскиот „Пивофест“

Многу ѕвезди и пиво од вечерва на прилепскиот „Пивофест“

 

Почнува „ПИВОФЕСТ 2016“

 

Романската група „Флај проџект“ (Fly Project), заедно со домаќините Марјана Станојковска и Жарко Димитриоски, со првата прес-конференција го означија почетокот на овогодинешниот фестивал на пивото и на скарата „Пивофест 2016“.

 

 

– Можете да оцените колку една земја е добра по храната и по кафето, а вашите храна и кафе се просто неверојатни – изјави Тудор Јонеску од „Флај проџект“, додавајќи дека со нетрпение го очекува настапот вечер.

Во следните четири дена, од денеска 14. до недела 17 јули, Прилеп ќе дише во знакот на најголемиот фестивал од овој тип на Балканот.

 

 

Штандовите се поставени и подготвени, а скарите се загреваат уште од утрово. Се очекува во градот да пристигнат околу 400.000 гости, но градот и годинава е подготвен се да тече во најдобар ред.

Сите сместувачки капацитети во градот веќе одамна се резевирани и пополнети, а кревет плус се бара и во околните градови како Крушево и Битола. Поради огромната побарувачка, пуштен во употреба е и ученичкиот дом „Орде Чопела“, во кој единствено има место за сместување.

 

 

Гужва е и на Moгилата на непобедените, каде годинава има повеќе шатори од било кога. Првите гости во бесплатниот камп ги зацврстија своите шатори уште во средата, а вечерта со своја забава до доцна во ноќта ja прогласија авантурата за отворена.

Покрај гостите од Романија, вечерва на големата бина во центарот на Прилеп ќе настапат и познатите локални џезери „Кросроуд бенд“ (Crossroad Blues Band) реге бендот „Рафаел“ ( Raphael), како и„ Тропико Бенд“.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!