Американските таблоиди овие денови постојано се интересираат за сексуалната ориентација на момчето на Џенифер Лопез. Тие велат дека Каспер Смарт е дефинитивно геј, а пејачката најави тужба за сите што ја објавија веста.
Имено, 24-годишниот Каспер Смарт е фотографиран како посетува претстава за возрасни во еден геј клуб (којшто се наоѓа веднаш до продавницата за секс играчки), само еден ден пред 43. роденден на популарната пејачка. По објавувањето на фотографијата многумина коментираа дека тука нема ништо чудно оти Смарт е редовен посетител на ваквите места.
„Ова е вистинско геј место. Влегувате во кабината и таму се одржуваат секакви претстави“, изјави посетител на клубот за магазинот „Star“, а друг додаде: „Го видов Каспер во клубот и пред три недели, така да ова сигурно не му е прва посета“.
Претставникот за медиумите на овој пар, Марк Јанг истакна: „Каспер не е геј, овие коментари се производ на злобата и љубомората на народот“.
Инаку ова не е прва приказна дека младиот љубовник на Џенифер Лопез е хомосексуалец. Пред неколку месеци тој беше осуден дека со пејачката е заради нејзините пари, и оти во слободно време одржува врска со маж.
Chris | ТВ Пакет