Почетна / Забава / Морисеј го одржа најквалитетниот рок концерт во Македонија

Морисеј го одржа најквалитетниот рок концерт во Македонија

 

Легендарниот Морисеј вчеравечер ја преполни салата СРЦ Кале, каде се бараше место повеќе. Љубителите на добрата и квалитетна музика синоќа уживаа во неповторливиот спектакл. Великанот на британската и светската музичка сцена, Стивен Патрик Морисеј, од некогаш легендарните Д Смитс настапи пред околу 4.000 посетителите од Македонија, но и многу останати кои со автобуси дојдоа да го следат концертот од соседните земји. Тој на сцената настапи заедно со неговиот бенд, и на самиот почеток ги поздрави присутните во салата со добро извежбано „Здраво“ и „Добра вечер“, но и во текот на концертот повеќе пати знаеше да каже „Ви благодарам многу!“.

 

 

Концертот во СРЦ „Кале“ е во рамките на неговата европска турнеја на која го претставува својот последен албум издаден минатата година „World Peace Is None of Your Business”. Според организаторите Авалон продукција, ова е еден од најквалитетните рок концерти, во последниве 25 години во оваа држава. Вчерашниот концерт беше во рамките на исклучителниот музички настан Ultimate music weekend, а вечерва на истата сцена ќе настапи групата Апокалиптика.

 

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!