Јавна презентација на новата програмска шема на Македонската телевизија како и новиот начин на закуп на медија простор одржа денес раководството на Македонската-радио телевизија. На презентацијата беа присутни околу 150 меркетинг експерти. Точна сегментација на популација што го гледа и каде ќе има најголем ефект од неговата реклама, се основните поволности на новиот систем на рекламирање. Секој огласувач ќе може да одлучи каде неговата реклама има најголем ефект, а принципот на пресметување на цена по поен (CPP-cost per point) овозможува секој од нив да знае точно во кое време кого тагретира, со оглед на податоците кои сите телевизии ги имаат од рејтинзите.
„Со овој начин на рекламирање секој клиент ќе знае точно колку неговата реклама ќе има ефект. Односно секој оној што ќе одлучи да се рекламира на Македонската телевизија ќе има точна сегментација на популација што го гледа и каде ќе има најголем ефект од неговата реклама. Ова е применување на искуство од запад што дава одлични резултати. Нема политика на дампинг цени, нема попуст од 90%, нема компензации, нема нејасни бизниси, туку ценовник што ќе важи за сите подеднакво. Кај нас секој денар ќе биде искористен на начин што ќе му донесе најголем бенифит на клиентот“, изјави Слободан Младеновиќ, од маркетинг секторот на МРТВ.
Рекламниот медија простор ќе биде достапен преку новата програмска шема како и сериите кои на светско ниво имаат висок рејтинг. Истовремено достапна е и сопствената продукција на МРТВ со емисиите ЏИШ шоу на Игор Џамбазов, Ве слушаме на Живкица Каленикова, Мое – твое време и други, кои што се исто така атрактивни за огласувачите.
Поради вложувањето во нова програма, серии, модернизација на сегашните содржини, националниот јавен сервис има скок на гледаноста, што е единствен принцип за мерливост на популарноста на еден медиум.
Крис Манев | ТВ Пакет