Почетна / Телевизија / МТВ стана медиумски партнер на РФМ

МТВ стана медиумски партнер на РФМ

 

Вчера во просториите на конгресната сала во СЦ „Борис Трајковски“ беше потпишан Договор за соработка меѓу Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и Македонската радио телевизија (МРТ). Договорот го потпишаа Живко Мукаетов – претседател на РФМ и Марјан Цветковски – извршен директор на МРТ. Мукаетов во своето обраќање го истакна значењето на МРТ во сите сегменти и програми, така што во ниту еден момент не постоеле дилеми околу изборот на медиумски партнер на РФМ.
   
„МРТ има целосна покриеност на територија на Република Македонија, како и одлична екипираност на спортските редакции, што претставува чест и задоволство од постигнувањето на овој договор. Со него треба да се популаризира се она што е поврзано со РФМ – тоа подразбира натпревари на репрезентациите, на домашните лиги и куп натпревари, и во заедничка координираност со МРТ да се постигне уште поголема афирмација на ракометниот спорт“, вели Мукаетов.

 

 

Од националната куќа, велат дека остварувањето на договор со најуспешната спортска федерација во земјава е законска но и морална обврска на Јавниот радиодифузен сервис, со кој МРТ се вклучува  во новиот проект кој го спроведува новото раководство на РФМ. Оттаму МРТ ќе има ексклузивна можност да ги промовира сите активности во организација на РФМ, но не само во сениорските категории, туку и во младинските, а исто така ќе се потруди да го промовира ракометниот спорт во сите средини на територија на Р. Македонија. Договорот се потпиша на само неколку часа пред ракометниот спектакл меѓу Македонија и светскиот шампион Шпанија, во квалификациите за Европското првенство 2014 година. Овој натпревар ќе биде реализиран со новите камери, како дел од техниката во процесот на ребрендирање на МРТ. Секако, во иднина раководството на МРТ ќе се стреми да постигне слична соработка и со други спортски организации на вакво ниво.

„Овој договор е уште само еден показател дека граѓаните на Република Македонија кои ја плаќаат радиодифузната такса, точно знаат каде и за што се користат нивните средства. Со ваквите чекори кои се од јавен интерес на државата и на граѓаните ја покажуваме максималната транспарентност при користењето на средствата на народот“, вели Марјан Цветковски, извршен директор на МТВ.

Договорот меѓу РФМ и МРТ е потпишан на две години, и тоа за тековната 2012 /13 како и 2013 /14 година.

 

{gallery}042013/mrt{/gallery}

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!