Почетна / Забава / Нагласокот на Вергара

Нагласокот на Вергара

Кога се преселила во Лос Анџелес, актерката Софиа Вергара изнајмила професор по англиски говор кој бил екстремно скап. Но ни тоа не и помогнало да се ослободи од својот лош англиски говор.

 

 

Иако минала бројни приватни часови со својот професор за да се ослободи од моќниот колумбиски нагласок, 39-годишната Софиа Вергара сепак не успеала да се ослободи од својот лош англиски јазик.

Ѕвездата на серијата “Modern Family” сакала да го промени својот изговор и се надевала оти може да звучи како мексиканската ѕвезда Селма Хаек или шпанската Пенелопе Круз. Но излезе дека нејзините часови биле потполно губење на време.

“Кога се преселив во Лос Анџелес и почнав да се занимавам со глума изнајмив професор по говор кој беше прескап. Минав многу часови вежбајќи, понекогаш дури пет пати во неделата по три часа на ден. Само ги изгубив парите и станав уште полоша”, отркива актерката.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!