Бугаринот Недељко Карев доживеал огромен шок кога наместо проститутката којашто ја нарачал, дошла жена му, јавува Курир.
Тој и неговата сопруга некое време не биле во добри односи, а кога таа му рекла дека посетува курс по англиски, всушност започнала да работи во ескорт агенција. Нивниот романтичен и сексуален живот не бил најдобар, па Недељко барал утеха во гледање на порно филмови, но потоа одлучил да се „почести“ со проститутка. Во весник пронашол оглас за „масажа“, па договорил средба со проститутката во некој хотел.
Недељко останал без зборови кога некој тропнал на вратата и влегла жена му, која всушност долго време работела како проститутка. Таа му признала дека некое време се занимава со проституција за да заработи повеќе пари, пишуваат бугарските весници, пишува Курир.
| ТВ Пакет