Почетна / Забава / Евровизија / Нашата делегација упорно одбива да оди во финале!

Нашата делегација упорно одбива да оди во финале!

 


 

Свежо излезеното видео од втората проба на македонската избраничка за песна на Евровизија само потврди колку Македонија е назад во европската поп сцена и музика.

Еден лош настап (да, оној зборуваниот во Амстердам) не беше доволен за да се заклучи дека Тијана пее лошо. 

Да бидеме искрени, песната е просечна и да, е евровизиска! Со малку труд ќе се најдевме во финале. Но, со овој настап кој ни е приложен на видеото, со лошиот перформанс на Тијана, со кореографијата која е толку старомодна што е болно за очи, со уште полошите бек вокали и костими во кои здрвеноста доаѓа до израз, Македонија и те како ќе доживее дебакал во четвток на 8ми мај.

И кој е виновен? 

Ќе заврши неделата на Евровизија, ќе се сумираат уште две недели емоциите. Ќе биде лошата среќа или карма, сеедно, што сме немале среќа да влеземе во полуфинале со повеќе соседи, ќе биде крива Србија бидејки се откажа од учество, или сигурно ќе бидеме десети, но нема да влеземе во финале бидејки влегуваат само девет од публика а десетиот го бира жири комисијата.

Who cares? Секоја година истите муабети, истите оправданија, истите зборови. Како добро научена лекција за лошо поминат испит.

И дали конечно Македонија ќе се освести дека не треба да се натпреварува на овој натпревар? Не, натпреварот не е кич и лош, земјите учеснички и претставнички како нашата го прават таков.

Натпреварот е од забавен и натпреварувачки карактер каде што зачекориле звучни имиња како Аба, Селин Дион и ред други.  Квази пејачки имиња и лоши изведувачи го прават циркус, а Македонија (со чест на исклучоци, да, Мама Опи гледам во тебе)  не покажала ништо сериозно на истиот.

И да не зборуваме во празно, фрлете око на видеото и заклучете сами. Тоа што секој live настап на Тијана има повеќе dislikes од likes на каналот не е по наша вина, пред вие другомислениците да почнете да не обвинувате за помалку патриоти или што и да е.

 

 

 

 

ЈоцКо | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!