Македонците влегоа во финале на “Ѕвездите на Пинк”
Македонските учесници во музичкото шоу “Пинк ѕвезди” благодарение на вашите гласови се пласираа во финалето на шоуто, кое ќе се одржи во живо следната сабота. Двајцата фаворити на публиката, Мите Стоилков и Адам Лабунски, ги имаа едни од најдобрите настапи токму вчеравечер на полуфиналето од шоуто. Во финалето се пласираа 12 кандидати, а ќе бидат елиминирани по пат на неколку пресеци на гласовите. Гласањето тече постојано, линиите за гласање за нашите кандидати се отворени.
Мите се пласираше пеејќи ја “Bićeš moja” од Тропико бенд и ги доби сите пофалби од жирито.
– Едвај чекам некој продуцент да работи со тебе – беше коментарот на Цеца, на што се надоврза Мирослав Илиќ “Вечерва се врати на твоето старо ниво. Во финале го очекувам твоето најдобро издание.”
Последен вечерта настапи нашиот Адам Лабунски, пеејќи песна од ланскиот победник на “Ѕвездите на Пинк”.
– Ова беше толку добро, воодушевен сум, страшно – искоментира Бора Чорба по неговиот настап.
– Тој е нашето најмило – искоментира Цеца – Се гледаме во финале!
Доколу сакате македонска ѕвезда да биде овогодинешна Пинкова ѕвезда, гласајте на 141 – 345, така што испраќате СМС порака со текст : Z (празно место) и редниот број на кандидатот. Гласањето е во тек, гласајте за Мите и Адам на 141 – 345 :
GLA Z16 – за Мите Стоилков
GLA Z18 – за Адам Лабунски
Дани | ТВ Пакет