Почетна / Серии / Најголемата мистерија од понеделник на Телма

Најголемата мистерија од понеделник на Телма

 

„ГРАНД ХОТЕЛ“
од понеделник на Телма

 

Минатата недела на Телма заврши шпанската серија „Тајната на стариот мост“. И покрај тоа што досега од серијата се снимени над 700 епизоди, нови продолженија не се откупени од ниту една балканска телевизија.

Она со што можеме да се согласиме е дека на Телма доаѓа најдобрата замена на „Тајната на стариот мост“ и тоа шпанската историска серија „Гранд Хотел“ (Gran hotel).

 

Серијата е снимена од 2011. до 2013. година и има 39 епизоди кои на Телма ќе се прикажуваат од понеделник до петок во 19:45 часот. Репризите се ноќта по полноќ, следниот ден во 12:15 часот и неделни репризи секоја сабота и недела наутро.

 

Дејствието на серијата е сместено во 1905. година. Младиот Хулио Олмедо пристигнува во хотелот Гранд со цел да ја истражи смртта на својата сестра, која работела како слугинка во хотелот. Тука Хулио детално ќе го запознае персоналот на хотелот и ќе започне романса со Алисија, една од ќерките на фамилијата Аларкон, сопственците на хотелот. Алисија ќе му помогне на Хулио во истрагата со цел да откријат како исчезнала неговата сестра. Двајцата љубовници по пат на својата истрага ќе откријат многу интриги, лаги и тајни кои се кријат зад ѕидините на навидум идиличниот Гранд Хотел.

Во главните улоги настапуваат Амаја Саламанка и Јон Гонзалес, познат како Иван од „Интернат“.

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!