Вчера (понеделник) во Мадрид се случи голема прослава по повод победата на Шпанија на Европското првенство во фудбал 2012. И додека сите славеа, папараците повторно си најдоа материјал за ексклузивен прилог.
Имено, Сара Карбонеро, вереницата на Икер Касиљас, за време на победничката прослава му праќаше бакнежи на фудбалерот преку својот телефон, а тој навистина се измачи барајќи ја својата љубена на спротивната страна од бината. Во продолжение погледнете го ексклузивното видео, а подолу ве очекуваат и најинтересните моменти од самата прослава.
Chris | ТВ Пакет