Педесетина модели ќе бидат во конкуренција за избор на „Најубави нозе“ на Модниот викенд во Скопје, кој започнува од денеска и ќе трае до 7 април. Светскиот бренд за депилација Veet во Македонија го организира првиот ваков избор за што е во потрaга по манекенка со најубави, негувани и женствени нозе.
„Светскиот бренд Veet на глобално ниво ги поддржува настаните за мода и убавина. Оваа година за првпат ќе се избира манекенка со ,,Најубави нозе “ која воедно и ќе биде заштитно лице на овој бренд во Македонија. За да се освои оваа титула девојката треба да изгледа самоуверено, да зрачи со позитивна енергија и секако главниот услов да има убави и негувани нозе.“, изјави Елена Гагиќ, од Меркур Трејд генерален дистрибутер на брендот Veet за Македонија.
Veet по завршување на модниот настан, подготвува фото сесија со заштитното лице а со тоа ќе започне и со едукативната кампања наменета за млади девојки и жени.
| ТВ Пакет