Почетна / Телевизија / Х Фактор / На Србите им смета нашиот јазик во „Х Фактор“

На Србите им смета нашиот јазик во „Х Фактор“

 

Спрските медиуми денеска излегоа со наслови дека на Србите им смета многу честото користење на македонскиот јазик во телевизиското шоу „Х Фактор“. Ова прашање го повлече реакцијата на малата Илма Карахмет кога водителката Снеже Велков и постави прашање, а таа не го разбра.

 

 

Имено, кога Снеже Велков, зад сцената на „Х Фактор“ земаше изјава од Босанката, таа одговори само „не контам“, што предизвика општа смеа во собата. Проблемот, според Блиц, е што никој не разбирал македонски јазик. Наводно, откако започнало шоуто многумина се жалеле за честата употреба на македонскиот јазик во „Х Фактор“. Весникот пишува дека гледачите често оставале коментари, поплаки и навреди на Фејсбук и Твитер. Од друга страна, пак, Велков беше на мета на осуда од страна на македонските гледачи кога неуспешно се трудеше да зборува на српски.

Новинарите на ТВ Пакет се обратија до одговорните во Сител телевизија кои на ова прашање одговорија дека нема потреба да обрнуваме внимание на вакви наслови и оти македонскиот јазик нема да престане да се употребува во шоуто, бидејќи, ова сепак е регионална верзија на истото.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!