Затоа што се работи за една од највредните и најмаркантни филмски ѕвезди, Џеки Чен успева да привлече гледачка публика дури и таму каде што нема желба за кунг фу филмови. Често се служи и со запрепастувачки каскадерски потфати, како би го осигурал своето место на тронот во хонгконгшката кинематографија.
Вечерва, недела (12 август), веднаш по комедијата “Животот е убав”, на Сител следува третото продолжение од “Полициската приказна”. Тука, Чен е детектив кој е повторно на тајна задача. Тој соработува со кинеската полиција како ги го фатиле малезискиот нарко бос кој е побегнал од затвор.
Сопругата на нарко шефот е уапсена во Малезија поради продажба на наркотици и ја чека смртна казна. Но, таа е единствената личност која ги знае точниот број на сметки во швајцарските банки во кои се наоѓаат милијарди заработени од нелегални бизниси.
Приказната се комплицира кога девојката на Чен е киднапирана и тој ќе мора да почне да соработува со криминалците како би ја спасил. Но, тој не е маестро во кунг фу вештините доколку нема и план Б.
Вечерва на Сител во 21.20 часот проследете уште една акција со Џеки Чен, режирана од Стенли Тонг.
Дани | ТВ Пакет