Како што вчера објавивме, македонската старлета Нена Мачка преку својот Фејсбук профил на сите им порача дека не сака да се дружи со мажи кои не се билдери. Напиша: „Нека се погледнат во огледало пред да ми испратат барање за пријателство“.
По неколку часови и на неа и беше порачано да се погледне во огледало, но на малку поинаков начин. Имено, профилот на Нена Мачка е хакнат од личност кој на нејзиниот сопствен ѕид напиша дека таа не е убава. Хакерот, саркастично вели дека „убавицата“ не мора да биде дел од социјалната мрежа и смета оти сега може повеќе ќе се интересирала за него.
Корисниците на Фејсбук масовно ја поздравија оваа негова постапка.
Ивана Таневска | ТВ Пакет