Почетна / ФОТО / Неодоливиот Вилијам Леви повторно воодушеви

Неодоливиот Вилијам Леви повторно воодушеви

 

На огромно задоволство на припадничките на понежниот пол, латино-американскиот актер Вилијам Леви сега е актуелен со неговата соработка со компанијата Пепси, па за потребите на рекламната кампања, сексипилниот Леви уште еднаш го покажа своето совршено тело.

 

 

Поранешната ѕвезда од американското издание на шоуто „Dancing with the Stars“, а за многумина познат и по неговите улоги во теленовелите, како и од спотот на Џенифер Лопез за хитот „I’m into you“, дел е од кампањата „Pepsi Next“ на оваа голема компанија, а за потребите на рекламниот спот, Вилијам Леви, на општо задоволство на сите припаднички на понежниот пол, се разголи и уште еднаш потсети дека е сопственик на неверојатно тело.

Во рекламата заводникот се појавува во неколку различни костими, па така, тој се претвори во истетовиран рокер, војник, па дури и доктор, а сите припаднички на понежниот пол ќе се согласат дека во секоја од овие „професии“ тој е неодолив.

 

 

Целосната кампања ќе биде официјално претставена на 22. април, па интернетот е преплавен со воодушевувачки коментари на неговите обожавателки, кои одвај чекаат да видат што се им подготвил овој сексипилен заводник.

 

 

{gallery}042013/wl{/gallery}

извор: Точка

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И старото, и новото – две логоа осамнаа на екранот на Алфа

Покрај новото лого кое го користи Алфа по ребрендингот во 2019 година, некогаш во исечоци …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!